?kipa
26 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Сади Ѓувен, соопшти дека Комисијата ги обработила сите 100% гласачки ливчиња од избирачките места во земјата и странство, и дека сите резултати се доставени до политичките партии, јавува Anadolu Agency (AA).
Во краткото обраќање кон новинарите пред седиштето на Врховната изборна комисија, Ѓувен рече дека броењето на гласачките ливчиња е завршено и дека сите политички субјекти кои учествувале на претседателските и парламентарните избори во неделата ги добиле резултатите за увид.
Тој во текот на вчерашниот ден најави дека официјалните резултати од изборите, Врховната изборна комисија ќе ги објави на 5 јули.
Според прелиминарните резултати, врз основа на 99,99 отсто пребројани гласови, Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори со освоени 52,5 отсто од гласовите, додека Народната алијанса, предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АK Parti), на парламентарните избори освои 53,6 отсто од гласовите.