Vesna Besiç
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ТОКИО (АА) - Во Јапонија се одбележува шестата годишнина од земјотресот и цунамито, во коешто загинаа речиси 19.000 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата по повод одбележувањето на годишнината од земјотресот што ја погоди земјата на 11 март, 2011 година во 14:46 часот по локално време, ќе се одржи во главниот град Токио.
Во многу делови од Јапонија граѓаните го одбележуваат сеќвањето на жртвите од катастрофата што ја погоди земјата пред шест години.
Граѓаните со читање и пишување пораки им оддаваат чест на жртвите во зградата на Гинза Вако.
Земјотрес со јачина од девет степени според Рихтеровата скала ја погоди земјата пред шест години. По земјотресот, североисточниот брег на Јапонија го погоди цунами, што предизвика огромна штета и истекување на нуклеарно гориво од нуклеарната централа Фукушима.
Тоа беше втората по големина нуклеарна катастрофа во светот, 25 години по Чернобил. Три реактори почнаа да се топат, радијацијата да се шири, а 160.000 луѓе кои живееа во регионот беа евакуирани.
По оваа катастрофа, 50 реактори во земјата привремено беа затворени.
Со години по тројната катастрофа, илјадници луѓе не се вратија во своите домови.
Уште се во тек истражувањата за последиците кои оваа тројна катастрофа ги остави врз луѓето и врз животната средина.