Besar Ademi
13 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) – Претставниците на четрите најголеми политички партии во Македонија, потписничи на Договорот од Пржино, денеска попладне ги почнаа разговорите во насока на изнаоѓање решение за останатите прашања од Договорот од Пржино, јавува Anadolu Agency (АА).
Според извори од преговарачките тимови, кои ги придужуваат амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли, партиите се блиску до финализација на две клучни отворени прашања, прочистување на Избирачкиот список и реформите во медиумте, но сеуште нема конкретен договор.
Како што соопштуваат преговарачите, кои се чуствуваат оптимисти за постигнување на договор, прашањето за прочистување на избирачкиот список веќе е договорено и за 40 илјади глласачи кои СДСМ бараше да се избришат, ќе им се даде одреден рок да се пријават во Државната изборна комисија за да го докажат правото на глас, во спротивно ќе се избришат од Избирачкиот список. Додека за 170 илјади гласачи од дијаспората е разговарано да бидат ставени на посебна листа.
За прашањето на реформите во медиумите се разговара за формирање на регулаторно тело кое ќе ги мониторира и санкционира медиумите за време на изборите. Се разговара и за одржување на избори во текот на декември оваа година, но првенствено да се формира техничка влада која ке има мандат од 100 дена, а доколку се задоцни со формирањето на техничката влада не се исклучува можноста од нејзин шест месечен мандат. По неколкучасовните разговори, претставниците на политичките партии отидоа од резиденцијата на ЕУ за понатамошни консултации со своите партии, а најавија дека ќе се вратат вечерва за да продолжат со разговорите. Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска рече дека нема некој конкретен договор и дека се останува отворено, но изрази надеж дека вечерва ќе се постигне договор.