Ekipa
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Откако во Турција беа затворени телевизиските и радиоканали на терористичката организација ФЕТО, таа преку сателитски сигнал продолжува да ја шири својата пропаганда во дел на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ФЕТО ја купи „Mobility Channel“, телевизија чијашто содржина претходно се однесуваше на програми за автомобили. ФЕТО називот на телевизијата го смени во „Merih Channel“ и го продолжи емитувањето со кратенката MC.
Иако претходно привремено беше затворен и тргнат од сателитскиот емитер Турксат, „MC TV“ оваа година е повторно активиран во Германија. Телевизијата чијашто програма ја пропагира терористичката организација ФЕТО, емитува програма преку сателитот „Hotbird“, во сопственост на „Eutelsat“. Како локација на седиштето на телевизијата е прикажан германскиот Хесен, а каналот емитува програма 24 часа дневно. Програмската содржина во голема мера се однесува на сериите кои претходно се прикажувани на каналот на ФЕТО, „Samanyolu“.
Со пет пократки прегледи на вести дневно, каналот често ги емитува говорите на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката органиција ФЕТО. На каналот се огласуваат само две организации, едно списание и една таканаречена организација за помош, двете поврзани со ФЕТО. Покрај телевизискиот канал, терористичката организација ФЕТО поседува и радиоемитер со истото име, MC.
Изборот на Европа како простор за емитување на телевизиски и радиоканал, на кој се одлучи ФЕТО, потсетува на чекорите кои ги презема ПКК, која е на листа на терористички организации во ЕУ, Турција и САД.
Терористичката организација ПКК веќе подолго време преку сателит во Европа ја шири својата пропаганда.
Иако некои канали на ПКК се затворени со одлуките на европските судови, таа терористичка организација, како и ФЕТО со каналот MC, и понатаму наоѓа начин за емитување преку сателитски сигнал.