Ekipa
04 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
САНА (АА) - Поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех е убиен во Сана, потврдија за Anadolu Agency (AA) од неговата партија Генерален народен конгрес.
Официјален претставник на Генералниот народен конгрес изјави дека Хусите го запреле конвојот на Салех и го убиле во близина на Сана.
Покрај тоа, тие претходно со инсталиран експлозив ја уништија куќата на Салех, која се наоѓа во јужниот дел на Сана.
Сведоците изјавија дека по нападите што траеја цела ноќ, Хусите ја уништиле куќата на Салех.
Постојат сомневања дека во судирите биле убиени и ранети десетици лица, и од поддржувачите на Салех и од Хусите.
Во раните утрински часови, Хусите влегле во куќата на Салех, го изнеле оружјето од неа и го активирале експлозивот.