Ekrem Payan
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
ШИРНАК (АА) - Како резултат на активирањето на експлозив поставен на автопатот Ширнак-Џизре во моментот кога по него минувало воено возило загина едно лице од локалните безбедносни сили а повредени се 2 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, експлозијата е резултат на активирањето на експлозивот на автопатот Ширнак-Џизре во правец кон Икизџе од страна на терористите на терористичката организација ПКК.
По експлозијата на местото на настанот беа испратени амбулантни возила.
Во експлозијата загина едно лице, припадник на локалните безбедносни сили, а повредени се 2 војници.
Повредените војници се однесени во Државната болница во Ширнак.
Автопатот Ширнак-Џизре поради експлозијата беше затворен за сообраќај.