Sertaç Bulur
23 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Во акциите извршени во последните седум дена, на подрачјето на Турција се неутрализирани 64 терористи. Од нив 45 се убиени, осуммина заробени, а 11 се предале, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција се вели дека од 16 до 23 октомври, припадниците на безбедносните сили во рамките на борбата против тероризмот извршиле 1.455 акции.
Приведени се 131 лице поради сомнеж дека им помагале на припадниците на сепаратистичката група ПКК, 69 поради обвиненија за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, а во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО, 643 лица.
Освен тоа, во рамките на борбата против левичарските терористички организации приведени се 16 осомничени лица.
Во акциите во целата земја се приведени вкупно 5.649 лица, од кои 859 поради обвиненија за терористички активности, 145 поради илегални миграции и 4.645 поради криумчарење и препродавање наркотици.
Припадниците на безбедносните сили во акциите извршени со Сирт, Дијарбакир, Ван, Ерзинџан, Хакќари, Токат и во Адијаман уништија 15 засолништа и пештери и 36 мини и експлозиви од домашна изработка.
Запленети се 266 килограми материја што се користи за правење експлозив, 18 рачни бомби, 34 парчиња оружје и поголема количина муниција.
Во 77 турски града организирани се 3.466 акции против дилерите и криумчарите, во кои е запленета поголема количина опојни средства.
Освен тоа, во рамките на борбата против илегалните миграции фатени се 5.919 лца, од кои 771 во морињата.