Турција

Ердоган: Турција и Пакистан ќе продолжат да соработуваат против геноцидната политика на Израел во Газа

На состанокот со пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф во кинескиот град Тјенџин, Ердоган рече дека Турција е на ист став како и Пакистан против геноцидот на Израел...

Serdar Dincel  | 31.08.2025 - Обновена : 01.09.2025
Ердоган: Турција и Пакистан ќе продолжат да соработуваат против геноцидната политика на Израел во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Израел сака да ја прошири својата геноцидна политика во Газа и дека Анкара ќе продолжи да работи против тоа во координација со Пакистан, јавува Анадолу.

На состанокот со пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф во кинескиот град Тјенџин, Ердоган рече дека Турција е на ист став како и Пакистан против геноцидот на Израел, објави во соопштение турската Дирекција за комуникации на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.

„Претседателот Ердоган нагласи дека Израел се стреми да ја прошири својата политика на геноцид во Газа, истакна дека Турција стои на иста линија со Пакистан против овој геноцид и изјави дека двете земји ќе продолжат да работат координирано“, се вели во соопштението.

Двајцата лидери разговараа и за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања.

Изразувајќи го задоволството на Анкара од развојот на односите меѓу Пакистан и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ердоган рече дека солидарноста што е демонстрирана во овој поглед се цени.

Турција и Пакистан работат на зајакнување на соработката во многу области, особено во трговијата, енергетиката, одбраната и безбедноста, додаде тој.

Ердоган, исто така, нагласи дека единството и територијалниот интегритет на Сирија се неопходни за Турција и дека Анкара цврсто стои против секаков став и акција за дестабилизација на Сирија.

Турскиот претседател и пакистанскиот премиер се во посета на Кина за 25-от состанок на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјанџин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.