Orhan Onur Gemici
05 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека во Тунџели е покрената антитерористичката акција „Ерен-7 Мерџан Мунзур“ во која учествуваат 1.062 припадници на безбедносните сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека се продолжени акциите „Ерен“, започнати на 11 јануари, чија цел е да се искорени терористичкото дејствување на ПКК/КЏК и да се неутрализираат терористите од подрачјата. Акцијата одлучно се спроведува со поддршка на локалното население.
Во тие рамки во Тунџели е покрената операцијата „Ерен 7 Мерџан-Мунзур”.
Во неа учествуваат 59 оперативни тимови кои се состојат од 1.062 припадници на специјалните сили, жандармеријата, полицијата и останатите припадниците на безбедносните сили.
Во операцијата „Ерен“ досега се неутрализирани тројца терористи, а фатено е 41 лице за кое е утврдено дека им помагало на терористите. Уништени се 168 пештери, складишта и засолништа, а запленета е и голема количина на оружје, муниција и животни намирници.