Ali Murat Alhas
05 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
АНКАРА
Денес се издадени налози за приведување на десетици лица кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, а се товарат за измама на полицискиот испит во 2005 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението издадено од канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара се вели дека терористичката организација ги давала прашањата за испит на своите членови и манипулирала со резултатите.
„Налозите за приведување се издадени за 48 лица кои учествувале во измамата на испитот по истрагата на бирото за терористички злосторства“, се вели во соопштението.
Турските сили исто така привеода 26 осомничени припадници на ФЕТО во операции во неколку градови.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а скоро 2.200 лица беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.