Ekipa
04 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
АНТАЛИЈА (АА) - Бидејќи навиките на луѓето за одмор и патување се променија поради пандемијата на коронавирусот, изолираните сместувачки капацитети како вилите и јахтите станаа попривлечни за туристите отколку хотелите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вилите во медитеранскиот туристички град Анталија привлекуваат туристи кои сакаат да бидат понастрана од преполните градови и кои сакаат да внимаваат на социјалната изолираност.
Вилите во градот станаа популарна алтернатива за посетителите со цел да се заштитат од пандемијата.
Сопственикот на туристичка агенција во Анталија, Сервет Серен, истакна дека вилите нудат комфор како хотелите со пет sвезди.
„Започнавме со примање на онлајн резервации. Наша цел е да влеземе на европскиот, рускиот, па и на арапскиот пазар“, рече Серен, додавајќи дека 25 вили ќе бидат ставени на располагање за туристите.
Поради новиот вид коронавирус, луѓето сакаат да поминуваат повеќе време сами во природата.
Бројот на случаи на Ковид-19 во Турција надмина 2,5 милиони, додека од почетокот на епидемијата во земјата од вирусот починаа 26.354, вклучувајќи ги и 117 смртни случаи во текот на изминатото деноноќие.