Göksel Yıldırım
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
АНКАРА (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ - По успешно спроведените тестирања, Турските вооружени сили (ТСК) во својот инвентар наскоро ќе го воведат и оклопот Тебер, со систем за наведување на проектилите, производ на турската воена индустрија, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за производ на турската компанија „Рокетсан“, кој се монтира на класичните авиобомби од типот MK-81 и MK-82 и ги претвора во паметно оружје со систем и сензори за наведување.

Во предниот дел на оклопот се интегрирани ласерски сензори, системи за лоцирање и компјутер на проектилот, а во крилата на опашката се наоѓаат други сензори, вклучувајќи ги и оние за препознавање на целите.
На воениот комплекс Коња-Карапинар, на 21 и 22 јуни извршено е успешно тестирање на оклопот Тебер, на бомбите MK-82.
Сите подвижни и неподвижни цели се уништени, а тестот е оценет за апсолутно успешен.

Паралелно со тоа, направено е и потребно сертифицирање за интеграција на системот Тебер на платформите на бомбардерот Ф-16.
Турските воздушни сили во текот на овој месец во својот инвентар ќе ги воведат оклопите Тебер со системот за наведување и повеќе нема да бидат зависни од набавката на слична опрема од странство.
Важна одлика на системот Тебер е лесното и брзо монтирање на проектилите на терен. Оклопот цврсто се поврзува за надворешните жлебови на бомбата и ги унапредува нејзините маневарски способности.