Ömer Tuğrul Çam
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
МАДРИД (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека на Туркије треба да ѝ се продадат воени авиони Ф-16 и дека за тоа треба да добие одобрение од американскиот Конгрес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Бајден одржа прес-конференција на крајот од Самитот на НАТО во Мадрид, Шпанија.
На новинарско прашање дали му вети на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, продажба на авиони Ф-16 на Туркије, Бајден нагласи:
„Она што му го кажав [на претседателот Ердоган] е исто со она што му го кажав и во декември. [На Туркије] Треба да ѝ продадеме авиони Ф-16, а исто така, да ги модернизираме авионите. Не е во наш интерес да не го правиме ова. Му кажав дека не сум го сменил ставот од декември. За да можам да го направам тоа, ми треба одобрение од Конгресот. Мислам дека ќе го добијам тоа одобрение.“