свет

САД го предупреди Хафтар за групата Вагнер и за нафтата во Либија

- САД ја предупреди Либиската национална армија дека нејзината поврзаност со руската паравоена сила и блокадата на нафтата се спротиставуваат на интересите на Вашингтон и Либија

Beyza Binnur Dönmez  | 03.07.2020 - Обновена : 05.07.2020
САД го предупреди Хафтар за групата Вагнер и за нафтата во Либија

АНКАРА

САД ја предупреди Либиската национална армија дека нејзината поврзаност со руската паравоена сила и блокадата на нафтата се спротиставуваат на интересите на Вашингтон и Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Американската делегација нагласи дека поврзаноста на Либиската национална армија со групата Вагнер и блокадата на нафтата се во спротивност со американските и либиските интереси, го поткопуваат либискиот суверенитет и го зголемуваат ризикот од конфликт што може да ја оштети нафтената инфраструктура “, соопшти Стејт департментот денес.

Од јануари, силите на Хафтар под знамето на Либиската национална армија ги затворија нафтените постројки во централниот и источниот дел за да ја оштетат економијата и да извршат притисок врз либиската влада признаена од ОН.

Изјавата следуваше по виртуелната средба меѓу официјалните лица на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и претставниците на Либиската национална армија за решавање на прашањата поврзани со милициите низ цела Либија.

Се истакнува дека двете делегации ја потврдија желбата за деескалирање на конфликтот и изнаоѓање одржливи решенија.

Американската делегација потврди дека вооружените групи кои „се обидуваат да го расипат политичкиот процес или се вклучуваат во дестабилизирачки акти не смеат да се толерираат - и притоа се соочуват со ризикот на меѓународни санкции“.

Во соопштението се вели дека Вашингтон се спротиставил на странските мешања во Либија и побарал итен прекин на огнот и враќање на безбедносните и политичките преговори под покровителство на ОН.

Меѓународно признатата Влада на Либија е под напади на силите на Хафтар од април 2019 година, во кои загинаа над 1.000 лица. Од 2014 година, цел на милициите на Хафтар се нафтените полиња, кои претставуваат бели дробови на либиската економија.

Сепак, либиската влада неодамна оствари значајни победи, туркајќи ги силите на Хафтар од Триполи и стратешкиот град Тархуна.

Новата влада на земјата е основана во 2015 година според договорот предводен од ОН, но напорите за долгорочно политичко решавање не успеаја поради воената офанзива на Хафтар, кој е поддржан од Франција, руската паравоена групација Вагнер, ОАЕ и Египет.

ОН ја признаваат либиската влада предводена од премиерот Фајез ал-Сарај како легитимен авторитет на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın