Emin Avundukluoğlu
18 Јануари 2018•Ажурирај: 19 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот Парламент ја потврди одлуката на Владата и го одобри продолжувањето на вонредната состојба во земјата за уште три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Владејачката Партија за правда и развој (AK Parti) и опозициската Партија за национално движење (MHP) ја поддржаа одлуката, додека опозициската Републиканска народна партија (CHP) и Народната демократска партија (HDP) беа против.
Одлуката за продолжување на вонредната состојба, која досега беше продолжувана вкупно шест пати, во сила стапува веќе од утре.
Според Уставот на Р. Турција, вонредна состојба во земјата може да биде прогласена најмногу до шест месеци.
Инаку, вонредната состојба во Турција е воведена на 20 јули, по обидот за државен удар на терористичка организација ФЕТО на 15 јули 2016 година.