Sarp Özer
02 Август 2018•Ажурирај: 03 Август 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека Турција нема да ги остави во САД припадниците на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу се огласи преку социјалната мрежа Твитер, откако американското Министерство за трезор донесе одлука за санкции кон него и турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул.
„Имаме нешто во Америка, а тоа е ФЕТО и нема да го оставиме таму“, напиша Сојлу.
Портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека САД ќе воведат санкции кон турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, и кон министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, а како повод за санкциите го наведе тоа што американскиот свештеник Ендрју Брансон сѐ уште не е пуштен на слобода поради судскиот процес што се води против него во Турција.