Erkan Avci
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турскoто Министерство за надворешни работи протестираше против одлуката на Врховниот грчки суд (Агиос Пагос) да не се испорачаат пребеганите осуммина пучисти кои по обидот за државен удар во Турција пребегнаа во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството потсети дека претходно грчкото правосудство го одби барањето за екстрадиција на пучистите и дека тоа е спротивно на демократскиот уставен поредок.
„Протестираме за оваа одлука, која е пречка да се изведат пред независниот турски суд овие лица што за цел го имаа демократскиот поредок на Турција и имаа активна улога во обидот за државен удар во кој загинаа 248 припадници на силите за безбедност и цивили, а повредени беа 2.193 граѓани, и кои исто така му се закануваа на претседателот“, се вели во соопштението на министерството.
Министерството соопшти дека е очигледно оти ваквата одлука на грчките власти со којашто се оневозможува припадниците на терористички организации да се изведат пред лицето на правдата и дека Грција, земја сојузник и сосед, избегнува да ги изврши минималните обврски.
Се нагласува дека со оваа постапка грчкото правосудство овозможи кршење на правата на оштетените, како и тоа виновниците да поминат неказнето.
„Грција како земја која има доживеано пучеви во минатото, со оваа одлука за жал дојде во позиција на земја која стои во одбрана на пучистите“, се нагласува од Министерството.