Michael Hernandez
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Тројцата Американци што беа затворени во Северна Кореја утринава беа пречекани во САД од страна на претседателот Доналд Трамп и други високи функционери во Воздухопловната база близу главниот град, со што се стави крај на нивното време минато во притвор во Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за ослободувањето на Ким Хак Сонг, Ким Санг Дук и Ким Донг Чул пред репортерите, заедно со поранешните затвореници, велејќи дека е прекрасна работа што тие се ослободени пред историскиот самит, чија цел е делуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
„Ова е посебна ноќ за овие тројца прекрасни луѓе, честитки што сте во земјава“, рече Трамп. „Ова се прекрасни луѓе. Тие поминаа низ многу нешта. Голема чест ми е. Но вистинска гордост ќе биде доколку извојуваме победа во расчистувањето на нуклеарното оружје“.
Тројцата Американци откако беа поздравени од Трамп, од потпретседателот Мајк Пенс, беа сместени во медицинско возило.
„Ова е како сон, ние сме многу, многу среќни“, рече Ким Донг Чул, еден од заробените Американци.
Ким Хак Сонг и Ким Санг Дук се затворени во 2017 година под сомнение за вршење непријателски дејанија, додека Ким Донг Чул беше во притвор од 2015 година.