Ramazan Turgut
15 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
РИЈАД (АА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адил бин Ахмед ел-Џубејир, оствари заедничка средба со својот американски колега, Џон Кери, пренесува Anadoly Agency (AA).
На синоќешната средба со Кери, која се одвиваше во подоцнежните часови во градот Џеда, се дискутираше за билатералните односи меѓу двете земји, како и за постигнатиот напредок во делови од Сирија, се истакнува во вестите на државната саудиска новинска агенција СПА.
Во очекување се низа официјални средби и разговори, кои треба да ги оствари Министерот за надворешни работи на САД во рамките на дводневната посета на Џеда.