Michael Hernandez
05 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вчера упати закана дека Владата ќе ја држи затворена со месеци, дури и години, доколку не ги добие 5-те милијарди долари кои ги бара за ѕидот долж американско-мексикнската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Обраќајќи се на новинарите во Белата куќа, претседателот изјави дека тој за време на состанокот со врховните конгресни демократи потврдил дека е подготвен за долготрајна борба, дури и иако околу 800.000 федерални работници се принудени да работат без да бидат платени или да добијат принудни дозволи за отсуство од работа.
„Не мислам дека тоа ќе се случи. Но јас сум подготвен и мислам дека можам да зборувам за републиканците во Конгресот“, изјави Трамп и додаде: „Се надевам дека нема да трае уште многу денови. Навистина би можела да биде отворена многу брзо.“
Вчерашниот состанок меѓу конгресните демократи и Трамп заврши со изјавата на лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, дека Трамп се спротивставил на барањата да се отвори Владата велејќи дека ќе ја држи владата затворена подолг период.
Три недели поминаа од делумното затворање на Владата.
Тимот на вработените во Конгресот и претставниците на Белата куќа треба да започнат со состаноци во текот на викендот за да изнајдат излез од оваа безизлезна ситуација, но страните засега остануваат бескомпромисни.
Новиот демократски контролиран Претставнички дом во четвртокот вечер усвои закон кој ќе ги финансира агенциите кои моментно се принудени да ги затворат вратите, но Белата куќа со закани дека ќе стави вето на мерката поради нејзиниот недостиг на средства за ѕидот и нејзината судбина во републиканско-контролираниот Сенат е сигурно осудена.
Најмалку двајца републиканци во комората сигнализираа дека ќе гласаат за мерките за финансирање, меѓу кои и сенаторот Сузан Колинс. Но лидерот на мнозинството, Мич Меконел, рече дека нема да дозволи никаков нацрт-закон за Сенатот без претходна поддршка на претседателот, нарекувајќи ја мерката на Домот, акт за трошење време на политички ставови.
Трамп изјави дека размислува да прогласи национална вонредна состојба за ѕидот да биде изграден во обид да го заокружи одобрувањето на Конгресот.
„Можам да го направам тоа доколку сакам“, изјави Трамп. „Не го направив тоа. Можеби ќе го направам, но можам да свикам национална вонредна состојба и да го изградам многу брзо, тоа е друг начин на кој може да се направи тоа“, рече тој.
„Доколку можеме да го направиме тоа преку процес на преговори, ќе дадеме можност и за тоа“, додаде Трамп.