Dilara Zengin
28 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на Проектот за формирање научна база на Антарктикот, турската екипа утре тргнува на третата национална научна експедиција на Антарктикот, јавува Anadolu Agency (AA).
Завршени се подготовките за експедицијата на Антарктикот, која ќе се реализира под покровителство на турското Претседателство, под надлежност на Министерството за индустрија и технологија на Турција, а во координација на Центарот за поларни истражувања „Uyg-Ar“ (PolReC) при Техничкиот универзитет во Истанбул.
Во рамките на оваа експедиција во која ќе бидат вклучени вкупно 25 учесници, од кои 17 Турци и 8 странци, во период од 30 дена ќе се реализираат научни истражувања во повеќе области.
Исто така, во овие рамки ќе се реализираат работи во врска со вкупно 13 проекти од универзитетите, како од Техничкиот универзитет во Истанбул, Техничкиот универзитет на Карадениз, Техничкиот универзитет на Среден Исток, Универзитетот „Омер Халисдемир“ во Нигде, Универзитетот „Хитит“, Универзитетот „Бахчешехир“, Универзитетот „Богазичи“, Универзитетот „Деветнаесетти Мај“, и од Истанбулскиот универзитет.
Покрај научниците, во оваа експедиција учествуваат претставници од различни институции, како Генералната дирекција за метеорологија, Генералната дирекција на мапи, Одделот за навигациска хидрографија и океанографија, како и Командата за крајбрежна безбедност.
- Формирање Турски научен камп -
Во рамки на оваа експедиција каде што ќе се реализираат работи и за формирање Привремена научна база, ќе се формира Турски научен камп на островот Хорсшу.
Турција во рамките на Антарктичкиот договор имаше само статус на набљудувач, но со оваа експедиција ќе се приближи уште еден чекор до својата цел да премине со статус на советодавна земја.
Генералната дирекција за метеорологија на овој контитент ќе формира две автоматски набљудувачки станици за метеорологија.
Светската рекордерка во слободно нуркање, Шахика Ерџумен, ќе патува заедно со делегацијата на 3. Национална научна експедиција на Антарктикот, и ќе нурка во длабочините на т.н. Бел континент.
Екипа на Anadolu Agency (AA) исто така ќе биде дел од оваа експедиција, и на самото место ќе ги следи активностите на научниците.