Tuğrul Çam
28 Јануари 2019•Ажурирај: 29 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, во Анкара се состана со специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН), Агнес Каламард, која во земјата допатува во рамките на истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Специјалната известувачка за вонсудски егзекуции и експертите што ja сочинуваат нејзината делегација би требало да се состанат и со министерката за правда на Република Турција, Абдулхамит Ѓул, и главниот обвинител во Истанбул, Ирфан Фидан.
Високиот комесаријат за човекови права на ОН претходно соопшти дека Каламард, по повод меѓународната истрагата за убиството на Кашоги, во Турција ќе престојува од 28 јануари до 2 февруари.
Каламард ќе ги претстави информациите и препораките во врска со истрагата во облик на извештаи на седницата на Советот за човекови права на ОН.
Саудискиот новинар Џамал Кашоги, колумнист во американскиот весник „Вашингтон пост“, беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Турското обвинителство откри дека тој е брутално задавен по влегувањето во Конзулатот и дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.
Властите на Саудиска Арабија дополнително признаа дека Кашоги е убиен и дека не го напуштил Конзулатот, како што првобитно тврдеа.
Властите во Саудиска Арабија подигнаа обвинение против 11 осомничени за убиството, а тамошното Обвинителство бара изрекување на смртни казни за пет првообвинети.
Иако е откриено кога, каде и како е убиен Кашоги, сè уште не е познато каде се наоѓаат неговите посмртни останки.