Yeşim Sert Karaaslan
21 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер, разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите од Кабинетот на претседателот на Турција, двајцата претседатели разговарале за билатералните односи. Тие ја нагласиле одлучноста по прашањето за интензивирање на односите меѓу Германија и Турција.
Турскиот претседател истакнал дека сака да го продлабочи дијалогот и соработката со неодамна формираната Влада на Германија.
За време на разговорот особено е нагласено значењето на заедничката борба против тероризмот.
Ердоган го информирал германскиот претседател и за операцијата „Маслинова гранка“ во Африн.
Двајцата претседатели на крајот на разговорот нагласиле дека турската заедница во Германија претставува значаен мост кој ги поврзува двете земји.