Besar Ademi,Cuneyt Davut
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Група од десетици жени и деца бегалци успеаа да го пробијат грчкиот полициски кордон, кој се наоѓа на околу 200 метри од жичаната ограда подигната од страна на македонската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Жените и децате пред да го преминат полицискиот кордон, протестираа на меѓународната железничка пруга која ги поврзува Македонија и Грција, блокирана веќе две недели. Групата, која успеа да го помине полицискиот кордон постави шатори и седна во близина на жичаната ограда, но ситуацијата ескалираше кога стотици други бегалци се обидоа да се приклучат кон групата жени и деца.
Грчката полиција за да ги спречи бегалците да се приближат до жицата користеше и сила. Во моментов има стотици бегалци пред жичаната ограда, додека продолжува да се зголемува бројот на грчката и македонската полиција.
На територијата на Грција се наоѓаат околу 50 илјади бегалци, додека само во бегалскиот камп во Идомени се околу 12 илјади.
Од 4-ти април оваа година Турција почна со реадмисија на бегалците на кои им е потвредено дека од Турција поминале илегално на островите во Грција.