Ruslan Rehimov
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
БАКУ (АА) – Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека се многу блиску до решавањето на проблемот околу Нагорно-Карабах и конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Баку, главниот град на Азербејџан, беше одржана трилатерална средба на која учество зема министерот за надворешни работи на Русија, Лавров, министерот за надворешни работи на Иран, Џевад Зариф и министерот за надворешни работи на Азербејџан, Елмар Мемедјаров. Министрите по средбата организираа прес конференција.
Министерот Мемедјаров соопшти дека главната агенда на состанокот, била железничката пруга Север-Југ која ги поврзува железничките пруги на трите земји, било разговарано и за енергетика, тероризмот и трговијата со луѓе како и за случувањата на линијата на фронтот помеѓу Ерменија и Азербејџан.
Мемедјаров, истакнувајќи дека е потребно што поскоро решавање на проблемот на Нагорно-Карабах и конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, рече дека и двете страни во судирите имаат човечки загуби и дека војната им штети на сите.
Постојат неколку предлози околу тоа како ќе се преговара, нагласувајќи дека е потребно првично ерменската армија да ги напушти окупираните територии, наведува Мемедјаров во својата изјава.
И министерот Зариф истакна дека проблемот околу Нагорно-Карабах потребно е да се реши во рамките на принципите на ОН и во рамките на меѓународното право.
Околу овој проблем разговарал со ерменскиот колега и додаде дека потребно е да се одржи прекинот на огнот сè додека не се изнајде политичко решение за проблемот, соопшти министерот Зариф.
Лавров истакна дека Русија има добри односи и со Азербејџан и со Ерменија, и се надева дека и двете страни ќе успеат да го спроведат договорот за прекин на огнот.
„Елементите од договорот се веќе на маса. Многу сме блиску до решение. Вчера во врска со оваа тема се сретнав со Илхам Алијев и Мемедјаров, а утре за оваа тема повторно ќе се сретнам со ерменскиот колега Едуард Налбантјан. Потребно е да се избегне секојдневното меѓусебно набљудување на снајперистите лице в лице. Треба да ги зголемиме напорите за политичко решение“, рече Лавров.