Nurhan Çorlu
11 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу изјави: „Според последните добиени информации, во вчерашниот грозоморен напад животот го загубија 38 наши граѓани. Од нив 30 се полицајци и припадници на безбедносните сили, додека седуммина се цивили. Едно лице сѐ уште не е идентификувано”, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Сојлу учествуваше на комеморативната седница за починатите полицајци во вчерашниот терористички напад во Истанбул.
Во својата изјава за претставниците на медиумите, министерот Сојлу истакна дека со медиумите ќе ги сподели сите информации што ги поседуваат и дека во моментот е дел од комеморацијата за 5-мина загинати полицајци.
Министерот Сојлу го истакна следното:
„Според последните добиени информации, во вчерашниот грозоморен напад животот го загубија 38 наши граѓани. Од нив 30 се полицајци и припадници на безбедносните сили, додека седуммина се цивили. Едно лице сѐ уште не е идентификувано. На болничко лекување се 136 наши граѓани, од кои 14 се во одделот за интензивна нега, 5-мина се оперираат... Вкупно 155 граѓани се во болниците под лекарска контрола. Да се помолиме за нивното здравје”.
- Притворени се 13 лица -
Министерот Сојлу додаде дека досега се приведени 13 лица.
„Утрово тоа со претставниците на медиумите го сподели и почитуваниот вицепремиер. Во рамките на истрагата што се спроведува, ПКК се посочува како извршител. Вршителите на истрагата имаат информации околу планот на нападот, кога бил испланиран и како бил спроведен, но бидејќи истрагата сѐ уште е во тек, не сме во можност да презентираме подетални информации”, соопшти министерот Сојлу.
Турскиот министер за внатрешни работи го изрази своето сочуство до турскиот народ и изјави: „Длабоко не погоди овој грозоморен напад. Тој предизвика голема тага кај нашите семејства и народ, но потребно е ангажирање околу нашата одговорност, да бидеме единствени и во заедништво, истовремено потребно е да ја елиминираме оваа подлост со која се сочуваме, за да не се појави повторно на овие простори. Овие подли напади нема да нè деморализираат. Токму спротивното, како народ нѐ обединува и по ова прашање уште еднаш поединечно нѐ предупредува. Уште еднаш му го искажувам своето сочуство на нашиот народ”.
Министерот Сојлу им изрази сочувство на семејствата на загинатите и на турскиот народ.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Сојлу рече дека ПКК, ДЕАШ и ФЕТО како цел на своите напади ја имаат Турција. Затоа, покрај ангажираноста на безбедносните сили, потребно е секој, 24 часа да придонесе кон превентивни мерки, работејќи за мирот и безбедноста на нашиот народ. Потребно е добиените разузнавачки информации да бидат проценувани на највисоко ниво, истакнувајќи дека е потребно притоа да се вложат напори тоа негативно да не влијае врз народот и државата.
„Очигледо е дека ДЕАШ, ПКК и ФЕТО ќе сакаат да го нарушат мирот и стабилноста на Турција, особено за време на тековниот процес. Затоа е потребно секојдневно да се преземаат превентивни мерки за десетиците, стотиците информации до кои доаѓа разунавачката служба. Тоа што го гледате е дел од овие мерки. Тоа е сѐ што можеме да го кажеме во моментов”, рече турскиот министер Сојлу.
- „Здравствените работници вложија исклучителни напори” -
Министерот за здравство, Реџеп Акдаг, изјави дека веднаш по настанот ранетите биле префрлени во болниците, заблагодарувајќи им се на сите здравствени работници за вложените напори во давањето медицинска помош на ранетите.
Министерот Акдаг истакна дека здравствните работници извонредно ја извршиле својата должност, и додаде: „Како што кажа министерот Сојлу, ќе повторам уште еднаш, во нашите болници на лекување се наоѓаат 155 ранети лица, од нив 14 се наоѓаат на одделот за интензивна нега, 5-мина се на операција. Повремено имаме трансфер на ранетите од операционите сали на интензивна нега, од интензивната нега и одделенијата во операционите сали”.
Министерот Акдаг на повредените им посака поскоро закрепнување, а на семејствата на загинатите им изрази сочувство.