Ivana Ramadanova
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
СКОПЈЕ (AА) - Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, испрати порака со сочувство до премиерот на Турција Бинали Јилдирим по повод терористичкиот акт во дискотеката во Истанбул во кој загинаа 39 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Веста за грозоморниот терористички акт кој се случи во Истанбул длабоко ме потресе и вознемири. Осудувајќи го овој акт на терор Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете им ги на семејствата на жртвите. Граѓаните на Македонија се со граѓаните на Турција во овој тежок миг“, истакнува Димитриев.
Македонија и Турција, потенцира тој, стојат заедно со целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот, кој претставува глобална закана за човештвото и кој мора да биде поразен.