Admir Fazlagic
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Брисел упати сочуство до белгискиот крал Филип, соопштија од Кабинетот на претседателот Иванов, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот истакнува дека со длабока загриженост ја примил веста за грозоморните напади во Брисел, при што изрази сочуство и поддршка во борбата против тероризмот.
"Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве поддржам и охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со тероризмот, насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани", стои во соопштението.
Тој упати сочуство и солидарност во име на македонските граѓани до семејствата на трагично настраданите.
"Најостро го осудувам овој терористички напад и ја споделувам големата болка за трагичната загуба во кукавичкиот акт. Ве молам, изразите на длабоко сочувство и нашата солидарност да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите", се истакнува во соопштението од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Според досегашните информации во терористичките напади кои се случија во главниот град на Белгија, Брисел, загинаа 34 лица,а повеќе од 130 се повредени.
Државната белгиска телевизија ВРТ, јави дека на метро-станицата загинаа 20, додека на аеродромот во Брисел 14 лица.