ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - АДХАМ КАКО/МУХАМЕД МИСТО -
Режимот на Башар ал-Асад и Русија извршуваат интензивни воздушни и копнени напади врз жителите на Источна Гута, предградие на сирискиот главен град Дамаск, не признавајќи им го правото на живот, додека цивилите се обидуваат да преживеат криејќи се во подземните засолништа, пишува Anadolu Agency (AA).
Во последната недела, непрекинато продолжуваат жестоките воздушни и копнени напади во Источна Гута, во источниот дел на Дамаск, која е под контрола на опозицијата.
Цивилите во регионот претворен во урнатини, се принудени да се кријат под земја поради интензивните напади извршени во последната недела во цивилните населени места од страна на режимот и неговиот поддржувач Русија, како и од странските терористички групи.
Во подземните засолништа каде што живеат цивилите, нема никави можности за хранење или засолнување. Потребни се поголеми засолништа за под земја да влезат повеќе цивили за да се заштитат од воздушните и копнени напади, затоа продолжуваат работите на копање тунели.
За жителите на Источна Гута, чие право на живеење им е одземено, засолништата под земја се единствената шанса да се заштитат од интензивните бомбардирања и да ѝ избегаат на смртта.
- „Ако децата не умрат од нападите, ќе умрат од глад“ -
Ум Мухамед од Источна Гута, која заедно со своите деца се засолнува под земја, во разговор за Anadolu Agency (AA) ги раскажа тешките моменти со кои се соочуваат.
„Веќе 7 години се вршат напади со авиони врз децата во Источна Гута. Сите за неколку дена ќе умираат од глад. Не работи ниту една пекара, ниту колонијал. Ако децата не умрат од нападите, ќе умрат од глад“, рече Ум Мухамед.
Таа истакна дека под земја се заштитуваат од интензивните напади на сирискиот режим и Русија. „Подземните засолништа се полни со деца и жени. Во ова засолниште живеат над 150 деца и над 200 жени. Засолништата во Источна Гута не се опремени, не се стабилни, кога се руши зградата се рушат и засолништата“, додаде таа.
Мухамед упати апел до меѓународната заедница, која останува нема на нападите и на настаните на кои се изложени, и рече: „Источна Гута не губи крв. Источна Гута подарува крв на оние кои немаат. Ниту авионите, ниту ракетите и барелните бомби на режимот и Русија, ниту пак на Иран нема да нè исплашат. Нас Господ нè штити, не се жалиме“.
Таа нагласи дека хуманитарните организации не ја вршат својата задача. „Никому веќе не веруваме, ова го слушнав и од повеќето жени“, додаде Мухамед.
- „Каде се арапските земји, зошто остануваат неми“ -
Гаде Ум Бесам, мајка која исто така заедно со своите деца се крие во подземните засолништа, рече: „Речиси постојано сме под земја, во Источна Гута се соочуваме со секаков вид напади и рушења. Тука се случува сè што можете да замислите. Немаме струја и светлина. Живееме во страв“, нагласи Бесам, истакнувајќи дека се бомбардирани со забрането оружје.
„Од изутрина паднаа 200 ракети. Децата сакаат да јадат. Веќе седум дена сме тука, немаме храна. Каде се земјите од светот, ги повикувам! Каде се арапските земји, зошто остануваат неми?“, додаде таа.
- „Бог да не му прости Башар“ -
Малата Ајше, која ја загуби својата мајка и татко, истакна дека извесно време не можат да излезат од подземните засолништа поради интензивните бомбардирања.
„Ние сме од Источна Гута, веќе 10 дена сме во засолништата. Немаме никој друг со нас освен Бог. Тука владее глад, секојдневни напади, авиони и ракети“, нагласи Ајше, и додаде дека и во засолништата живеат со страв.
„Немаме ништо, немаме храна ни вода. Не можеме да спиеме ниту ноќе, ни дење. Бог да не му прости Башар“, рече малото девојче.
- Четири дена без храна -
Малиот Ахмет раскажа дека во последните дена имало многу напади и бомбардирања во подрачјето. „Живееме во Источна Гута. Тука има напади со секаков вид на оружје. Која е нашата вина? Не можеа да нè убијат со бомбардирањата, ќе не убијат со глад“, истакна Ахмет, и додаде дека не можат да излезат од засолништата поради нападите.
„Нема леб, бараме кило брашно и тоа го нема. Ги немаме потребните нешта“, рече Ахмет, кој истакна дека веќе четири дена ништо не јаделе.
Седумгодишната Галије рече дека се умира поради недостаток на храна. „Нè бомбардираат со барелни бомби. Умираат сите наши другари. Децата плачат од глад. Нема за јадење ниту за пиење. Умираме од глад. Нè бомбардираат со авиони и ракети. Нека нè спасат“, додаде Галије.
- „Надвор има постојано бомбардирање“ -
Гарам, кој го загуби своето семејство во нападите на сирискиот режим, ги раскажа тешкотиите со кои се соочува.
„Веќе 10 дена сме во овие засолништа. Не гаѓаат со секаков вид оружје. Загинаа моите другари, загина мојата мајка и татко, никој не остана. Сакаме да излеземе надвор и да купиме нешто, но надвор има само бомбардирање“, истакна тој.
Според информациите добиени од центарот за Цивилна одбрана во Источна Гута, бројот на загинати во нападите на режимот во последната недела пристигнаа до 400 лица.
Режимот во последната недела погоди 22 здравствени центри, една џамија и едно сиропиталиште.
Околу 400.000 цивили во Источна Гута која е под контрола на опозицијата, веќе 5 години се борат за живот.
Источна Гута на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, Асадовиот режим, чија земја-гарант е Русија, од април минатата година ја интензивираше блокадата на подрачјето, а во последните месеци ги интензивираше и нападите. Илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани од регионот во кој е продлабочена хуманитарната криза, од кои стотици имаат потреба од итна евакуација. Повеќето од болните се деца и заболени од канцер. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостиг на лекови.