Ekipa
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ИДЛИБ (АА) - Третиот евакуациски конвој од подрачјето на Арбин, Замалка и Еин Тарма, кои припаѓаат на подрачјето на Источна Гута, Сирија, пристигна во Хама, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА од Источна Гута јавуваат дека третиот конвој од споменатите подрачја кон Хама тргнал синоќа по полноќ, а пристигнал во утринските часови.
Конвојот се состои од 17 автобуси кои превезуваат 994 лица, меѓу кои се и припадниците на опозицијата и болните и ранети цивили.
Меѓу нив се 160 претходно ранети лица, од кои 110 се во стабилна состојба, а 22 лица се во животна опасност.
Се очекува конвојот од Хама да тргне за Маарат ал Нуман во Идлиб, кој е под контрола на опозицијата и антирежимските групи. Тука ќе бидат сместени во приватни центри.
Подрачјето Хареста е целосно евакуирано, а ќе продолжи и евакуацијата од Арбин, Замалка и Еин Тарма.
Од друга страна, подрачјето на Дума во Источна Гута, каде што се убиени илјадници цивили, и понатаму е под опсада.
Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите поддржувачи со воздушна поддршка на Русија, започнаа акција за заземање на Источна Гута која е под опсада на опозицијата. Оттогаш се извршени голем број напади на подрачјето на кое живеат околу 400.000 цивили. Голем број цивили загинаа, а сè почестите и поинтензивни напади ги натераа цивилите да побараат заштита во засолништата и подрумите.