Şerife Çetin
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
БРИСЕЛ (АА) - Поранешниот претседател на каталонскaта автономна управа, Карлес Пучдемон, за кого е распишана потерница за апсење ширум Европа, е приведен во Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на Пучдемон, Хауме Алонсо Куевилјас, случајот го потврди преку објава на социјалните мрежи.
Куевилјас истакна дека Пучдемон бил приведен од страна на германската полиција на границата меѓу Германија и Данска, додека се враќал од Финска во Белгија.
Адвокатот информираше дека Пучдемон се држи во една станица во Германија во добри услови. Тој додаде дека ги врши потребните законски подготовки.
Шпанскиот Врховен суд во петокот распиша потерница ширум Европа за апсење ма Пучдемон и четирите политичари кои се во бегство.
- Процес -
Пучдемон, заедно со четири поренешни министри избегаа во Белгија, откако беше започната истрага против него по едностраното прогласување на независност на Каталонија на 27 октомври.
На предвремените избори кои се одржаа на 21 декември, во рамките на одлуката на централната власт врз основа на 15. член на Уставот на оваа земја, кој овозможува интевенција врз автономните управи, сепаратистичките партии со многу мала разлика успеаја да добијат мнозинство за формирање на владата.
Претседателот на каталонскиот парламент, Рохер Торент, како кандидат за претседател на автономната управа повторно го покажа Пучдемон кој беше разрешен од функцијата, и соопшти дека на 30 јануари ќе има гласање. Но, по одлуката на шпанскиот Уставен суд дека Пучдемон може да ја врши оваа функција ако лично биде присутен, поранешниот претседател се повлече од кандидатура, и на негово место за кандидат беше посочен Џорди Санчез, еден од лидерите на каталонското граѓанско општество кој е во затвор. Oткако беше одбиено барањето за пуштање на слобода на Санчез, беше актуелизирано името на Турул.
Парламентот на каталонската автономна управа три месеци по предвремените избори, на 22 март, се собра за претседателските избори. За време на седницата беше разговарано околу кандидатурата на сепаратистот Џорди Турул чие име излезе во преден план по Пучдемон и Џорди Санчез, еден од лидерите на каталонското граѓанско општество кој е во затвор. Но, извесно време пред седницата, сепаратистичката партија Кандидатура за народно единство (CUP), соопшти дека нема да го поддржи Турул под изговор дека владината програма не предвидува формирање на една независна држава. Турул не успеа да земе доволно гласови за да биде избран.
Се бара осудување на каталонските сепаратистички лидери, меѓу кои и Пучдемон, поради нивната улога во илегалниот референдум за независност, и едностраното прогласување на независност, со обвинение „бунт против државата“.