Ekipa
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Каталонската Влада го откажа јавното обраќање на премиерот Карлес Пучдемон во Барселона, во текот на коешто се очекуваше каталонскиот лидер да ги распише предвремените избори, Anadolu Agency (AA).
Каталонските медиуми јавуваат дека премиерот Карлес Пучдемон требало да го најави распуштањето на парламентот и да распише предвремени избори.
Обраќањето закажано за 13.30 по локално време, беше одложено за еден час, а потоа и откажано.
Од кабинетот на Пучдемон не дадоа никакво објаснување. Тој, сепак, ќе се обрати денес на пленарната седница на регионалниот парламент.
Парламентарната седница во Барселона беше закажана за да им овозможи на парламентарците од Каталонија да ги разгледаат одговорите на плановите на шпанската Влада за преземање на контролата над тој регион.
Во исто време, шпанскиот Сенат ќе одржи седница во Мадрид, за да разговара за овие мерки.