Halit Süleyman
23 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
ДАМАСК (АА) - Воени авиони на режимот на Башар ал-Асад, извршија напад во подрачјето на Источна Гута, преградие на главниот град Дамаск, при што животот го загубија 7 лица, а 13 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА од одговорните во полската болница, воените авиони на силите на режимот ги бомбардирале населените места во градовите Дума, Бејт Сава и Кафр Батна во подрачјето на Источна Гута, кои се под контрола на опозицијата.
Беше соопштено дека во нападите животот го загубиле седум лица, додека 13 се повредени. Повредените се пренесени во полските болници на лекување.
Одговорните од Цивилната заштита на Источна Гута изјавија дека воените авиони на режимот извршиле 20 воздушни напади врз градовите Дума, Арбин, Кефр Батна, Замалка и Џобара.
Одговорните истакнаа дека од нападите е предизвикана голема материјална штета. Силите на Асад на југот од главниот град, во воздушните напади во подрачјето на Дараја исфрлиле 8 запаливи и 32 барел бомби. Силите на Асад секојдневно ја бомбардираат областа на Дараја, изјавија одговорните од Цивилната заштита, со што со секој изминат ден, хуманитарната состојба во областа станува сè полоша.