Ali Demir
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
ИДЛИБ (АА) - Воздухопловните сили на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска извршија жесток напад на пазар и населба во Идлиб во кои загинаа најмалку 33 цивили, а повредени беа 47 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадникот на локалната цивилна заштита во Идлиб, Омер Aлван, за АА изјави дека авион на сириската армија бомбардирал пазар при што загинаа најмалку 28 а ранети се 35 цивили.
Изворот додава дека истиот авион потоа го нападна населеното место Кафр Нубул при што загинале најмалку пет, а повредени се 12 цивили.
Спасувачките екипи и понатаму продолжуваат со пребарување под урнатините по нападот, а пожарникарите и волонтерите ги гасат неколкуте пожари кои избија по нападот.