Can Erözden
20 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
АФРИН (АА) - Двајца цивили загинаа, а осуммина се повредени во денешниот бомбашки напад во северниот сириски град Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Се смета дека двојниот бомбашки напад е дело на терористичката организација ЈПГ/ПКК, кој е изведен на првата годишнина од почетокот на турската прекугранична антитерористичка операција „Маслинова гранка“.
Во експлозијата на една од бомбите, која за цел имала автобус, животот го загубија двајца, а повредени се осуммина цивили.
Другата бомба била поставена во контејнер за ѓубре долж фреквентна улица, но во експлозијата нема повредени.
Од 2016 година, антитерористичките операции на Турција „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северозападна Сирија, го ослободија регионот од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, овозможувајќи им на Сиријците кои избегаа оттаму поради насилствата, да се вратат во своите домови.
Откако беше искоренета од подрачјето на Африн со операцијата „Маслинова гранка“, ЈПГ/ПКК напаѓа цивили и припадници на безбедносните сили преку терористички напади.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе. Инаку, ЈПГ/ПЈД е сириски огранок на ПКК.