Burak Karacaoğlu
29 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
ИДЛИБ (АА) - БУРАК КАРАЏАОГЛУ -
Во сирискиот град Идлиб, вооружената опозиција ги продолжува своите подготовки за одбрана наспроти можната операција од страна на режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимот на Асад, и покрај гаранциите што ги даде Русија како негов гарант, во последните 2 месеца околу Идлиб акумулира воени трупи. Како одговор на ова, опозицијата гради нови линии со цел зацврстување на одбранбените позиции.

Опозицијата формира одбранбена линија во руралниот дел на Идлиб и подрачјето на рамнината Габ, што се наоѓа јужно од Хама. Во ова подрачје се испраќаат засилувања и се градат ровови и тунели.
Самир ал Нур, командантот на Народниот ослободителен фронт кој е дел од Слободната сириска војска (ССВ), за АА изјави дека продолжуваат подготовките за распрскување на силите на режимот кои постојано претставуваат закана за регионот.
„Се наоѓаме во руралните делови на Идлиб и Хама. На силите на режимот им порачуваме: Ако почнете да напредувате, тука ќе биде вашиот гроб. Ги направивме сите подготовки и продолжуваме со нив“, изјави командантот Ал Нур.

Ибрахим Ебу Шам, друг командант на ССВ, истакна дека режимот на Асад преку медиумите спроведува психолошка војна.
„Режимот пропагира дека спроведува операција во Идлиб. Генерално, ние во нашето подрачје продолжуваме со подготовките. Како посебен дел, се подготвуваме во рамнината Габ, сместена во руралниот дел на Хама. Тука сме да спречиме каков било напад. Кога ќе дојдат режимот и неговите поддржувачи, тука ќе ги чекаат големи изненадувања“, изјави Ебу Шам.
Toj посочи дека режимот продолжува да таложи сили во Хама и додаде: „Со големо внимание одблиску го следиме военото засилување што се таложи на воениот аеродром „Курин“. Режимските медиуми непрекинато спроведуваат пропаганда“.