Ramazan Turgut
31 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
МЕКА (AA) - Нешто повеќе од два милиони аџии, по денешната утринска молитва (сабах-намаз) тргнаа на пат кон Арефат, а престојувањето на ова место е една од трите задолжителни обврски или еден од трите основни обреди на аџилакот, петтата исламска должност, јавува Anadolu Agency (AA).
Аџиите облечени во ихрами (бело платно што аџијата го носи за време на аџилакот) тргнаа кон ридот Арефат, кој е оддалечен 12 километри од Мина. Кон Арефат може да се оди пеш, со автобус или со железница.
Аџиите на ридот Арефат денес ќе ги извршат пладневната и попладневната молитва, и ќе настојуваат да поминат повеќе време во ибадет, во молитва или учење (читање, рецитирање) Куран.
По престојот на ридот Арефат, верниците ќе се упатат кон долината Музделифа, а потоа и кон местото Мина, каде што ќе го извршат обредот на фрлање камчиња на три места, џемрети. Фрлањето камчиња симболично ја означува борбата против шејтанот (ѓаволот).
Утре, на 1 септември, муслиманите во светот почнуваат да го одбележуваат празникот Курбан-бајрам.