Ramazan Turgut
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
МЕКА (AA) – Најмалку двајца полицајци се ранети во текот на самоубиствениот бомбашки напад кој се случи во близина на зградата на американскиот конзулат во Џеда, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија соопшти дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивот на себе на паркингот од болницата „Др Сулеиман", непосредно откако полицијата го процени како сомнително лице и се обиде да го легитимира.
Во силната експлозија бомбашот загина, а двајцата полицајци се ранети.
Истрагара за случајот е во тек, а од Министерството е наведено дека во наредните часови ќе биде издадено соопштение во врска со другите детали и мотивите на нападите.
Експлозијата се случи во Палестинската улица во Џеда во која се наоѓа и зградата на конзулатот на САД, но до сега официјално не е потврдено дали токму тој објект бил потенцијална мета на напаѓачот.
Локалните саудиски медиуми јавуваат дека токму американскиот конзулат бил мета на нападот, но дека со брза реакција од страна на полицијата, напаѓачот е спречен во намерата.