Ekipa
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ХАСАКА (АА) - МОХАМАД МИСТО - Соединетите Американски Држави (САД) под изговор за борба против терористичката организација ДЕАШ, продолжуваат со пружањето воена поддршка на терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија. Претходниот ден беше испратена помош од 70 шлепери до оваа организација во северниол дел на градот Рака.
Според информациите на Anadolu Agency (AA) во Хасака, претходниот ден, 70 шлепери со воена помош, поминувајќи преку граничниот премин на ирачката граница, Симелка, влегле во градот кој е под контрола на организацијата.
Некои од приколките на шлеперите во конвојот беа покриени со церади, а одредени делови беа отворени, а беше забележано дека се натоварени воени возила.
Дваесет и едно од вкупно 30 воени возила на шлеперите се снимени од страна на АА.
Во конвојот се наоѓаат и танкери за гориво, а во другите шлепери не можеше да се забележи што има внатре бидејќи беа целосно покриени со церади.
Извесно време, откако АА на почетокот од месец јуни почна да ги снима конвоите воена помош и помош во оружје за ПКК/ПЈД од страна на САД, и презентираше вести за тоа, оваа помош почна да се испраќа во ноќните часови во шлепери покриени со церади.
Од друга страна, на 13, 17 и 21 август, како и на 3 септември во ноќните часови беа снимени испораките од вкупно 330 шлепери покриени со церади во Хасака, која е под контрола на ПКК/ПЈД во Ирак, но не се знае за каква помош станува збор.
Почнувајќи од јуни досега, САД испратија вкупно 1.421 шлепери со воени возила, опрема и оружје за ПКК/ПЈД под оправдување дека води борба против ДЕАШ.
- Оружјето испратено до терористичката организација -
Според документот кој новинарот на АА го доби од Министерството за одбрана на САД, Пентагон, на листата со оружје кое ќе биде дадено на групите во Сирија, меѓу кои и на ПКК/ПЈД, се наоѓаат 12.000 калашникови, 6.000 митралези, 3.500 тешки митралези, 3.000 американски ракетни фрлачи од типот RPG-7, 1.000 американски ракетни фрлачи од типот AT-4 или руски анти-тенк од типот SPG-9.
Исто така, во документот постои информација дека 235 минофрлачи, 100 снајпери од различен калибар, како и 450 двогледи за ноќно набљудување од типот PV-7, и 150 инфрацрвени двогледи ќе бидат испратени до терористичката организација.
Операцијата за Рака, која ја води терористичката организација ПКК/ПЈД со поддршка на САД, започна на 6 јуни.
ПКК/ПЈД вчера во утринските часови се мобилизираше за да го преземе Деир ез-Зор кој е под контрола на ДЕАШ.