Elena Teslova
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денес изјави дека противниците на Трамп можат да ја спречат неговата администрација од имплементирање на одлуката за повлекување на трупите од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Доналд Трамп минатата недела изненадно соопшти дека САД ќе ги повлечат своите војници од Сирија. Неговата одлука следуваше набргу по телефонскиот разговор со турскиот претседател Ердоган во кој двајцата лидери се согласија за потребата од поефикасна координација во Сирија.
Овие вести не беа прифатени од некои сојузници на САД, бидејќи не биле информирани за планот.
Зборувајќи за државната новинска агенција РИА во врска со ова прашање, Рјабков изјави дека сите сојузници на САД не се согласиле со оваа одлука и дека таквата одлука предизвикала бура од повратни информации.
„Противниците можат да ја искористат оваа ситуација, спречувајќи ја што е можно поскоро“, изјави тој.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ваквите изјави од страна на САД се повторуваат секоја година, но дека нивните трупи сѐ уште се наоѓаат во земјата.
Коментирајќи во врска со Договорот за намалување на нуклеарните арсенали на САД и Русија (СТАРТ) Рјабков истакна дека САД првин мора да докажат дека надополнувањето со одредени ракетни лансери не ги прекршува условите од договорот.
„Во зависност од тоа, Русија ќе биде подготвена да преговара за обнова на Договорот“, рече тој.
Договорот за намалување на нуклеарните арсенали на САД и Русија (СТАРТ) претставува серија билатерални договори меѓу САД и Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), кој се смета за еден од столбовите на меѓународната контрола на оружјето. Во рамките на Договорот, Русија и САД значајно го намалија нивниот нуклеарен арсенал.
Новиот Договор за стратешко намалување на оружјето, кој е последен од сериите договори, истекува во 2021 година. Обично се потребни неколку години за да се склучи нов договор, но сегашната тензија меѓу двете земји ги блокира разговорите.
Во врска со намерата на САД да се повлечат од Договорот за нуклеарно вооружување од среден домет (INF), Рјабков изјави дека Москва не добила официјално известување од Вашингон во врска со тоа.
Договорот за нуклеарни сили од среден дострел беше потпишан во 1987 година од страна на тогашниот советски лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган.
На 21 октомври американскиот претседател Доналд Трамп ја најави својата одлука за повлекување од Договорот.