Ali Cura
28 Јуни 2018•Ажурирај: 29 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека во последните неколку дена од Сирија се повлечени 1.140 војници, 14 хеликоптери и 13 авиони на руските вооружени сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин, во своето обраќање на церемонијата, одржана во Кремљ, по повод дипломирањето на воените студенти, нагласи дека дел од руските војници и возила се повлекле од Сирија.
Путин потсети дека по неговата минатогодишна посета на руската военовоздухопловна база Хмејмим, Русија почнала да ги повлекува своите воени трупи од Сирија. „Во последните денови се повлекоа 13 авиони, 14 хеликоптери и 1.140 лица кои имаат искуство во војна“, додаде тој.
Рускиот претседател рече дека дипломираните студенти треба да го искористат искуството на војниците кои се вратиле од Сирија.
Истакнувајќи дека наскоро ќе започнат со производство на интерконтиненталниот хиперсоничен стратешки проектил „Авангард“, за што соопшти за време на своето обраќање во Федералниот парламент во март, Путин нагласи дека наредната година ќе започнат со производство на интерконтиненталниот балистички проектил „Сармат“.