Murat Ünlü
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) ја усвои одлуката за влез на Турција во процес на своевиден „зајакнат надзор“, јавува Anadolu Agency (AA).
На Генералното собрание на ПС на СЕ, одржано во Стразбур, се дискутирало за извештајот под назив „Функционирање на демократските институции во Турција". За време на гласањето за нацрт-резолуцијата, 45 пратеници беа против, 113 беа за, а 12 беа воздржани.
Во извештајот за Турција, кој го подготвија известувачите на ПС на СЕЕ за Турција, Естонката Мариан Мико и Норвежанката Ингеберг Годскесен, изнесени се критики особено во врска со одлуките донесени во рамките на вонредната состојба во Турција, прогласена по обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО.
Беа изнесени тврдењата дека овие одлуки ја нарушиле функционалноста на демократските институции во земјата. Претседателот на Турската делегација во ПС на СЕ и претставник на АК Партијата, Талип Ќучукџан, пред градот Адана, претходно поднесе жалба и истакна дека во извештајот и во нацрт-одлуката постојат многу грешки.
Како што истакна, кон Турција се изнесува еден дискриминирачки став, и во случај тој да биде прифатен, ПС СЕ ќе ја изгуби вредноста во очите на турската јавност.
Во последните додатоци на нацрт резолуцијата се наведува дека повторното воведување смртна казна во Турција не би се совпаѓало со членството на оваа земја во Советот на Европа.
Од Врховната изборна комисија на Република Турција (ЈСК) побарано е во потполност да ги разледаат сите приговори во врска со неодамнешниот референдум за уставни промени. Одредени претставници на Турција и други делегации го поддржаа предлогот гласањето за одлуката за надзор на Турција да се одложи за наредното генерално собрание, но тој подоцна е одбиен.
Во прифатениот нацрт на резолуцијата на Турција упатени се предлози за кои е нагласено дека треба да се прифатат за да продолжи соработката меѓу ПС на СЕ и Турција. Порачано е вонредната состојба да се укине во најкраток можен рок.
Претставникот Ќучукџан од турската делегација, за време на заседанието изјави дека Турција е дел од Европа и дека тоа ќе остане. Тој потсети дека во Турција, од изборите на 7. јуни па наваму 750 граѓани се убиени бранејќи ја демократијата, и дека повеќе од 900 припадници на безбедносните сили загинале штитејќи ја безбедноста на Турција и на Европа.
„Да ги нападнеше ДЕАШ вашите градови, вашите села, да ги убиваше вашите деца и жени, и вие би презеле одредени мерки. Да го нападнеа вашиот парламент, како што беше случај во Турција, и вие би презеле силни безбедносни мерки. Тоа е она што ние го правиме и што ќе продолжиме да го правиме во Турција“, изјави Ќучукџан.
Турција во 1949 година стана членка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое во 90-тите воведе мониторинг, кој има за цел воспоставување и следење на имплементацијата на темелните вредности на Европската конвенција за заштита на човековите права, како демократијата, човекови права и владеење на правото.