Fatih Hafız Mehmet
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е рангиран на прво место на 500 највлијателни муслимани во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 10. едиција на годишникот за Листата 500 највлијателни муслимани за 2019 година, која се подготвува во Кралскиот исламски центар за стратешки студии во Јордан, се нагласува дека Ердоган е првиот директно избран претседател на Турција во август 2014 година, кој обезбедил и втор мандат на изборите во 2018 година, со 52,5 отсто од гласовите, со излезност на гласачите од 86 отсто.
„За време на неговиот мандат, Турција има доживеано исклучителен економски раст, уставна реформа и повторно станува голема глобална сила“, пишува во едицијата.
Под лидерство на Ердоган, Турција се фокусираше на изградба на посилни односи со сите свои седум блиски соседи, особено со Грција, и исто така и со сите земји околу Црното Море - големо трговско средиште и геополитички значајно подрачје.
„Во Африка има отворено над 20 нови амбасади и конзулати, а кога Сомалија беше погодена од голем глад и суша во 2011 година, Ердоган не само што им пружи помош, туку стана и прв лидер надвор од Африка кој ја посетил Сомалија за речиси две децении“, нагласуваат во книгата.
Во претходните изданија на едицијата, Ердоган во 2016 и 2017 година беше рангиран на 8-мо место, и на 5-то место во 2018.
Во изданието за 2019 година, саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал Сауд е рангиран на второ место како највлијателен муслиман во светот, додека јорданскиот крал Абдула II Ибн ал Хусеин на трето.
Едицијата се подготвува во Кралскиот исламски центар за стратешки студии во главниот јордански град, Аман, уште од 2009 годна, а нејзиното 10. издание за 2019 година ќе биде објавено овој месец.
Во неа се утврдува влијанието кое го имаат одредени муслимани врз светската муслиманска заедница.
„Под влијание се подразбира секоја личност што има моќ (културна, идеолошка, финансиска, политичка или друга) да направи промена што ќе има значајно влијание врз муслиманскиот свет“, објаснето е во едицијата.