Betül Yürük
09 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура, во врска со развојот на настаните во Сирија го изјави следното: „Можеби сега е вистинско време за повторно започнување на политичките средби“, Anadolu Agency (AA).
Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) на затворена седница ги разгледувала теми поврзани со Сирија.
Специјалниот претставник на ОН за Сирија Мистура, по седницата им се обрати на медиумите, изјавувајќи дека САД и Русија утре во Женева ќе одржат средба на која ќе се разговара за повлекување на сите вооружени единици од источниот дел на Алепо.
Специјалниот претставник на ОН Мистура потсетувајќи дека источниот дел на градот, кој е под контрола на опозицијата, досега го напуштиле повеќе од 30.000 лица, соопшти дека по запирањето на сите воени активности на Русија во источниот дел на Алепо, се очеквуа од градот да го напуштат уште околу 8.000 цивили.
На прашањето „Дали можете да гарантирате дека она што се случува во Алепо, во деновите кои претстојат нема да се случи во Идлиб?“, Мистура одговори: „Не, не можам да гарантирам“.
- „Планирам да се сретнам со екипата на Трамп“
Специјалниот претставник на ОН Мистура преложи со цел да се најде решение за кризата во Сирија, повторно започнување на мировните преговори. „Можеби сега е вистинско време за повторно започнување на политичките средби. Воената победа не значи и мир. Потребно е мирот да победи одделно“, рече Мистура.
Во своето обраќање, Мистура изјави дека планира во Њујорк и Вашингтон да се сретне со екипата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.
- Генералното собрание на ОН ќе земе свое учество
Под раководство на Канада, седумдесет земји, меѓу кои и Турција, денеска ќе се состанат по прашањата за заштита на цивилите во Алепо.
На состанокот на Генералното собрание на ОН, ќе се гласа за резолуции на темите за обезбедување на прекин на огнот и испорака на хуманитарна помош.
Донесените одлуки на Генералното собрание на ОН нема обврзувачки карактер, но има големо значење од аспект дека претставува приказ на ставот на меѓународната јавно мислење.