Ahmet Gürhan Kartal
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
ЛОНДОН (AA) - Полицијата вечерва соопшти дека бројот на загинатите во пожарот во зградата Grenfell Tower во Лондон е зголемен на 12 додека 74 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Командирот на полицијата Стујард Кенди изјави дека бројот на загинатите во пожарот досега изнесува 12, изразувајќи стравување дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.
Истакна дека наредните денови во зградата, како што рече, ќе се спроведе комплексна операција на опоравување.
„Ќе ни треба време додека не бидеме во состојба да го потврдиме бројот на жртвите. Сеуште е премногу рано да зборуваме за можните причини на пожарот, рекоа од полицијата.
Итните служби соопштија дека 74 лица се наоѓаат во градските болници, од кои околу 20 од нив се во критична состојба.
Пожарот избувна во среда околу еден час по полноќ, бргу се прошири низ зградата. Набргу на лице место пристигнаа 20 екипи на итна помош и околу 200 пожарникари со 45 противпожарни возила.