Ekipa
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Лондонските пожарникари денес продолжија со потрагата по телата на жртвите од пожарот, кој вчера, во раните утрински часови ја зафати станбената зграда Гренфил тауер во западен Лондон, пришто загинаа најмалку 12 станари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, додека спасувачките екипи го пребаруваат местото.
Пожарот избувна вчера околу еден час по полноќ, и брзо се прошири низ 24-катницата. Набрзо, на местото на настанот пристигнаа над 20 екипи на итната медицинска помош и околу 200 пожарникари со 45 противпожарни возила.
Во пожарот беа повредени десетици станари, од кои 18 се во крититична состојба, додека бројот на исчезнати не е познат.
Иако група на станари со години се жалела поради ризикот од пожар, сѐ уште не е позната причината за неговото избивање.
Собрани се над 1,2 милиони долари за помош на погодените, а бројни волонтери и добротворни организации цела ноќ обезбедуваа сместување и храна за станарите кои останаа без своите домови.