Murat Ünlü
13 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
ПАРИЗ (АА) – Европската Унија (ЕУ) апелираше да се намалат тензиите меѓу Турција и некои европски земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„По настанатата тензија меѓу Турција и некои европски земји во последните денови, треба да се избегне понатамошната ескалација по ова прашање, и да се изнајде начин за смирување на ситуацијата“, истакнаа во заедничка писмена изјава, високата претставничка на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика, Федерика Могерини, и комесарот на ЕУ за соседна политика и проширување, Јоханес Хан.
„Проблематичните прашања можат да се решат само со отворен и директен начин на комуникација“, се вели во изјавата.
Исто така, се наведува дека решенијата за одржување состаноци во земјите-членки зависат од иницијативата на надлежната земја во рамките на применливите одредби на меѓународното право и во склоп на националното право.
„Европската Унија ја повикува Турција да избегне екстремни дискусии и активности што носат ризик за понатамошно влошување на состојбата. Проблематичните прашања можат да се решат само со отворен и директен начин на комуникација. Ќе продолжиме да ја нудиме нашата помош во интересите меѓу ЕУ и Турција“, се наведува во изјавата.
Во изјавата на ЕУ се истакнува делот од извештајот на Венецијанската комисија во врска со уставните измени во Турција, во кој се вели дека Турција е независна во донесувањето на одлуките за управувачкиот систем.
Во изјавата се вели дека Турција поминува низ проблематичен период, и дека ЕУ ја поддржува Турција против злото на тероризмот.
Исто така, во изјавата се истакнува дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува гостопримството на Турција кон бегалците кои избегале од војната, и се наведува дека ЕУ го цени ставот на Турција дека ќе ги земе предвид препораките на Советот на Европа во врска со воведувањето мерки во рамките на вонредната состојба и дека нив ќе ги донесе на ниво на европските стандарди.