Furkan Naci Top
26 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
АТИНА (АА) - Во период кога Грција се обидува да го надмине шокот што го предизвикаа катастрофалните пожари, во подрачјето Маруси, недалеку од Атина, интензивните врнежи од дожд предизвикаа поплави што носеа возила и потопија голем број куќи, јавува Anadolu Agency (AA).
Интензивните врнежи во Атина кои траеја околу два часа предизвикаа големи поплави.
Голем број возила се уништени од поплавите, а во тек се акции за спасување на заробените во возилата.
Од друга страна, стотина куќи се поплавени, а на терен се упатени противпожарни екипи за спасување. Противпожарната служба соопшти дека добиле пријава за поплавување на повеќе од 170 куќи.
Власта упати предупредување до локалното население со кое се забранува излегување на улица.