Zehra Ulucak
26 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, истакна дека неговата земја ќе го поддржи мировниот процес на Корејскиот Полуостров, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Јонхап“ (Yonhap), шефот на германската дипломатија, кој престојува во посета на главниот град на Јужна Кореја, Сеул, во рамките на неговата азиска турнеја оствари средба со неговиот јужнокорејски колега, Канг Кјунг Ва.
По средбата, двајцата министри остварија заедничка прес-конференција, на која германскиот министер Маас упати апел да се направат конкретни чекори во насока на уништување на нуклеарното оружје, и рече дека Германија ќе даде поддршка за процесот на разоружување кој може да биде тежок и сложен.
„Важно е Северна Кореја да се мобилизра и да ја покаже својата посветеност (во насока на уништување на нуклеарното оружје). Тоа значи дека Северна (Кореја) треба да изврши конкретни дејствија за нуклеарно разоружување на целосен, веродостоен и неповратлив начин“, нагласи тој, додавајќи дека во случај да се овозможи, Германија сака да понуди технички информации околу ова прашање.