Sibel Uğurlu
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
РИМ (АА) - Премиерот Матео Ренци денес ја објави својата оставка откако референдумот за уставните промени што го поддржа тој не успеа, јавува Anadolu Agency (AA).
Ренци говореше на прес-конференција во Палацо Чиги, по резултатите од гласањето за мерката со која се бараше намалување на овластувањата на Сенатот, во земјата каде што постои двоен парламентарен законодавен систем.
Според неофицијалните резултати речиси 60 отсто од гласачите ги одбија уставните промени, а Ренци истакна дека ја презема целосната одговорност за јасниот пораз.
„Италијанците направија јасен избор. Тоа е јасен пораз. Тоа е мој пораз", рече Ренци.
Тој истакна дека ќе го свика неговиот кабинет денес попладне и ќе ја понуди својата оставка на претседателот.